Коалиција за враќање на достоинството на луѓето и за одбрана на Уставот на Република Македонија



Декларација

Почитувани граѓанки и граѓани,

Ние, долупотпишаните граѓански организации, политички партии, групи и заедници, во името на нашите членови, одлучивме да се здружиме во граѓанска и натпартиска коалиција  со единствена цел – да им го вратиме општеството на оние на кои им припаѓа, на граѓаните на Македонија.

Согласни сме дека граѓанскиот сектор во секое демократско општество треба да биде коректив на власта и едногласни сме дека нашето општество веќе не е демократско и дека ги исцрпивме сите методи и дека ги направивме сите обиди да ја вразумиме актуелната власт во Македонија.

Оваа власт одбива да се вразуми и затоа треба да си оди и да ја ослободи државата од заложништво. Немаме веќе време, ниту трпение, ниту верба во оние што досега ја водеа државата, зашто ја водат во пропаст, го трошат богатството на нашата земја и ги бркаат нашите деца во емиграција, во неповрат.

Затоа, во име на граѓаните на Република Македонија, се здружуваме во масовен, гласен и ненасилен граѓански протест,  кој ќе започне на 17 мај 2015 година, пред Владата на Република Македонија. Нашата заедничка акција ќе трае до дефинитивниот пад на власта која ни ја одзеде слободата, живејачката и иднината.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат во оваа акција, бидејќи ова не е борба меѓу политички партии. Ова е борба меѓу граѓаните и врхушката на Груевски, ова е борба за враќање на општеството и државата во рацете на граѓаните на Македонија.

Комплетна Декларација




Настани




Поддржувачи

Коалицијата „Граѓаните за Македонија” е составена од повеќе од 70 невладини органиации и над 15  политички партии.

logoa

Комплетна листа на подржувачи



Најнови вести
60 дена „Никола оди си“, кампот – симбол на слободата, ќе им боди во очи на наредните влади

Точно 60 дена пред владиниот објект на фамозната „Илинденска“, од каде што дејствува секоја Влада која управува со државата, беа потребни за движењето „Граѓани...

Дискусија: Во телефонски разговор од неколку минути веднаш може да се утврди автентичноста

Ситемот за разузнавање во Македонија политички се урна преку ноќ, Комисијата за контрола на УБК се формирапше без ниту еден експерт во таа област,...

Активистите алармираат: Хидросистемот „Луково Поле“ ќе го опустоши Реканскиот крај

Изградба на хидросистемот на Луково Поле , односно 74 метарската брана од Реканскиот крај ќе направи градежна површина, ќе се изгуби алтернативата за тоа...

Дискусија: Општина Центар и по две години води битка со власта

Сегашното раководство на општина Центар се соочува со огромни притисоци и потешкотии во својата работа, како и решавање на проблемите настанати од претходното раководство...

Се штеди на инсулин, на здравјето на човекот, а се има пари за споменици и Мерцедес

Лечењето на дијабетот не е нималку евтино, и потребни се пари, а самата болест го оттргнува заболениот од процесот на производство, ова не смее...

Кампувањето пред Влада продолжува, Груевски мора да си замине

Граѓаните од цела Македонија кои 50 дена спијат под отворено небо пред Владата претставуваат своевиде притисок врз Груевски, кој ќе продолжи се до негово...